Тркалезна маса за подобрување на конкурентноста на компаниите

19

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, организира тркалезна маса на која ќе се дискутира за тоа како македонските компании можат да ја подобрат конкурентноста и да промовираат култура на континуирано подобрување преку подобрени практики за управување со енергијата.

Според организаторите, подобрувањето на енергетската ефикасност во индустријата е една од најкорисните и најисплатливи мерки на земјите за намалување на зависноста од увоз на енергија, зголемување на економскиот раст, како и намалување на загадувањето на животната средина.

Свое обраќање ќе има директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, како и претставници од приватниот сектор кои ќе зборуваат за своите искуства во оваа област. На настанот ќе бидат присутни повеќе претставници од бизнис заедницата, државни институции и меѓународни организации.