Трнлив пат до успехот: На овие познати луѓе никој не им верувал…

720

Патот до успехот е полн со подеми и падови, но понекогаш освен со предизвиците што ги носи работата, човек треба и да се бори со “невидливи сили“. Ако имате некаква желба или идеја, а ви недостасува мотивација и на чекор сте да се откажете, тогаш овие познати имиња преку нивните лични искуства ќе ви покажат дека нема ништо недостижно.

Стив Џобс – интригантна личност која зад себе остави бренд што го промени технолошкиот свет. Тој беше еден од основачите на Apple во 1976 година, а девет години подоцна бил принуден да си замине од компанијата. Го напуштил Apple и ја основал компанијата NeXT. Десет години подоцна, во 1996 година, Apple ја купува неговата компанија за 400 милиони долари. Веќе следната година, Џобс ја спасува Apple од сериозна криза и ја вратил на “здрави нозе“ за помалку од две години.

Волт Дизни – човекот кој стои зад забавната империја Disneyland и немал баш сјаен почеток. Тој добил отказ во весникот каде што работел, бидејќи неговиот уредник сметал дека тој нема добри идеи. Неколку пати банкротирал пред да го изгради Disneyland.

Соихиро Хонда – уште од најрано детство му помагал на својот татко, кој имал сервис за поправка на велосипеди. Во училиште децата го нарекувале “ласица со црн нос“, бидејќи лицето секогаш му било исцрнето, бидејќи работел во сервисот на неговиот татко. Кога пораснал сакал да се вработи во Toyota, но бил одбиен. Потоа почнал сам да прави мотоцикли и ја основал компанијата што и денес е бренд во автомобилската индустрија, а го носи неговото презиме – Honda.

Опра Винфри – една од најбогатите и највлијателни телевизиски лица не била отсекогаш миленичка на телевизискиот бизнис. На 22 години добила отказ од локална телевизија, бидејќи нејзиниот шеф сметал дека таа не е родена за на телевизија.

Стивен Спилберг – планетарно познат и успешен режисер на денешницата, дури три пати бил одбиен кога се обидувал да запише студии по режија.

Фото: Pixabay