Trollaby – компактен шатор за спиење за патници кои долго чекаат на аеродром

23

Trollaby е пренослив, компактен шатор што на патниците кои долго чекаат на аеродром им овозможува да се одморат во приватност.

Производот е дело на австрискиот претприемач Марк Бругер, кој инспириран од лично искуство решил да креира нешто што ќе им даде мала доза на комфор на уморните патници.

Trollaby кога не се користи зазема простор колку една торба за лаптоп. Составен е од три дела: основниот куфер каде што се спакувани сите елементи, алуминиумски шипки и прекривка. Душекот доаѓа посебно доколку корисникот сака да нарача.

Шаторот од неодамна има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде што цената за рани нарачки изнесува 69 евра за основен пакет, додека цената за вклучен душек е 89 евра.

Trollaby тежи 900 грама, висината е од 50 до 60 сантиметри, должината (без душек) изнесува 105 сантиметри, додека ширината е 69 сантиметри.

Фото: Kickstarter