Трошоци во градежништвото за изградба на нови куќи

169

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се непроменети, трошоците за материјали се пониски за 1,5% и трошоците за вработените се повисоки за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2018  година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4%, трошоците за материјали се пониски за 2,6% и трошоците за вработените се повисоки за 10,9%.

Фото: Pexels