Трошоците на живот во август пониски за 0,5%

19

Трошоците на живот во август, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,5%, а кај цените на мало тоа намалување е за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето на трошоците на животот од 0,5% во август 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на сувото овошје за 3,1%, свежиот зеленчук за 2,9%, тестенините за 1,1%, конзервираните месни производи за 0,5%, лебот и житариците за 0,3% и преработките од млеко за 0,2%.

Во август, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај централното греење
за 10,9%, цврстите горива за 7%, гасот за домаќинствата за 2,9%, течните горива и мазива за 2,8%, услугите за сместување за 2,5%, лековите за 1,9%, обувките и апаратите за домаќинствата за 1,1%, облеката за 0,7%, средствата за чистење и одржување на станот за 0,6%, услугите за лична хигиена и средсвата за лична хигиена за 0,4%, мебелот за 0,3% и информатичката опрема за 0,2%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото овошје за 2,5%, конзервираната риба за 1,4%, свежото млеко и мастите за 0,8%, рибата за 0,4%, сувомеснатите производи, конзервираниот зеленчук и шеќер, џем, мед, чоколади и кондиторски производи за 0,3%, трајните колбасичарски производи, конзервираното овошје и алкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионски превоз на патници за
23,1%, телефоните и факс апаратите за 4,5%, туристичките – пакет аранжмани за 2,5%, услугите за култура и рекреација за 1%, здравствените услуги за 0,7% и телефонските и телеграфските услуги за 0,5%.

Индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, бележи намалување од 0,5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,8%.