Трошоците на живот во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, а цените на мало бележат намалување од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во ноември 2014 година е на исто ниво со претходниот месец, но е забележано движење на цените во подгрупите. Пораст е забележан кај: свежиот зеленчук за 5%, други прехранбени производи за 0,7%, јајцата и конзервираните месни производи за 0,6%, алкохолните пијалаци за 0,5%, лебот и житариците и рибата за 0,2%.
Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај: цврстите горива за 5%, авионскиот превоз на патници за 2,8%, услугите за сместување за 1,8%, текстилот за домаќинствата, големи електрични апарати, алати и опрема за куќа и градина за 0,4%.
Намалување на трошоците на животот во ноември 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото овошје за 5%, месото за 0,4% и кондиторските производи за 0,2%.
Во ноември, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за
домаќинствата за 6,3%, автомобилите за 6,1%, течните горива за домаќинствата за 4,7%, течните горива
и мазива за 3,9%, информатичката опрема за 2,9%, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9%,
мебелот за 0,6% и стоматолошките услуги за 0,4%.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, бележи
намалување од 0,3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,7%.