Трудбеник од Охрид со загуба од 3,8 милиони денари ја заврши 2014

93

trudbenik ohrid zdraga

Градежната компанија Трудбеник од Охрид во 2014 година евидентираше вкупна сеопфатна загуба 3.810.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2013 година, компанијата прикажа загуба од 5.927.000 денари.

Оперативните приходи на крајот на 2014 година се на ниво од 2.454.000 денари, додека приходите од продажба се во вредност од 1.106.000 денари.