ЦЕЕД Инфо панел – отворен, интерактивен настан во организација на ЦЕЕД Македонија

20

ЦЕЕД Македонија започна со организарање на отворени бизнис настани наменети за претприемачи и менаџери, за сите оние кои сакаат да научат нешто ново за растот и развојот на својот бизнис.

Станува збор за ЦЕЕД Инфо панел информативна дискусија каде што учесниците ќе можат да разменат свои искуства од работењето и да се информираат како ефикасно да ги решат најчестите проблеми на секоја компанија.

Настанот го води Др. Јован Маџовски, регионален менаџер на ЦЕЕД за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Молдавија и Танзанија.

Следниот ЦЕЕД Инфо панел на тема Анализа на животниот циклус на компанијата ќе се одржи на 16.10.2018 (вторник) од 13:30 до 15:00ч. во просториите на ЦЕЕД Хуб Скопје.

ЦЕЕД Македонија ги охрабрува учесниците да повикаат и свој пријател/соработник, за кого сметаат дека овој настан и информации би му биле од корист и придобивка.

Учеството е бесплатно, а сите заинтересирана треба само да се регистрираат на следниот линк.