Цел месец врвно искуство за посетителите на Рамстор: Музика, вкусна храна и многу подароци

19

11002495_859992724056776_7751819762837077130_n

Со отворањето на новиот дел за брза храна, Рамстор Мол предизвика вистинско одушевување кај посетителите кои во овој период уживаат во богатата понуда на Гурманскиот месец, под слоганот: Ајде да јадеме заедно.

Во текот на гурманскиот месец кој ќе трае до 22.03 во трговскиот центар ќе се реализираат повеќе активности: Гурмански среќник во кој ќе следуваат подароци за домаќинство за најсреќните и најкреативни посетители, среќно гурманско тркало, Јади, љуби, гласај – активност преку која ќе се одбере омилениот Рамстор локал за брза храна, за викендите малите сезнајковци ќе готват вкусни мафини, а сите љубители на социјалните мрежи добиваат можност да направат фотографија од омилениот оброк, да ја објават на социјалните мрежи со #АјдеДаЈадеме да соберат лајкови и да очекуваат подарок.

Гурманскиот месец е збогатен и со музички настапи. Во наредниот период не очекува концерт на Ламбе Алабаковски, перформанс на Горан Папаз, настап на група Омниа и два настапи на кубански бенд.