Целосно вакцинирани 9,4% од жителите на ЕУ

64

Над 150 милиони дози вакцини досега се потрошени, а една четвртина од жителите на Европската унија примиле барем една доза, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

“Вакцинацијата се забрзува во Европа. Само што надминавме 150 милиони искористени дози. Во јули ќе имаме доволно вакцини за 70% од возрасното население во ЕУ“, објави таа.

Вкупно досега во ЕУ се искористени 153,8 милиони дози, со коишто се вакцинирани 112,4 милиони луѓе или една четвртина од населението на ЕУ. Целосно се вакцинирани 41,9 милиони луѓе, што е 9,4% од населението во земјите членки на ЕУ.

Фото: Freepik