Самостојните вршители на дејност ќе добијат поддршка од државата

46

Владата денеска на седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Целта, на овој предлог-закон, како што информира владината прес-служба, е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност.