Цементарница Усје нераспределената добивка од минатите години ќе ја распореди за дивиденда на акционерите

27

usje

Цементарницата Усје на Собранието на акционери донесе одлука за распределба на добивката од минатите години, стои во соопштението на компанијата објавено на Македонска берза.

Во одлуката се наведува нераспределената добивка на Цементарница Усје од минати години во износ од 2.564.721.431 денари да се распредели за дивиденда на акционерите во износ од 2.308.249.288 денари и да се задржи и уплати данок на дивиденда во износ од 256.472.143 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 10.10.2014, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 13.10.2014.

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 15.10.2014 година. Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 31.12.2014 година.