Цементарница Усје прокнижи добивка од над 114 милиони денари

52

cementarnica usje

Цементарницата Усје во првото тримесечје од оваа година работеше со добивка од 114.963.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2014, Усје прикажа добивка од 301.365.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во пресметковниот период се 535.639.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 447.529.000 денари, додека остатокот од 88.110.000 денари е реализиран на странски пазари.

Во истиот период лани, вкупните приходи од продажба на Усје беа во вредност од 821.236.000 денари.