Цементарница Усје прокнижи добивка од над 518 милиони денари за шест месеци

21

titan cementarnica

Цементарницата Усје во првото полугодие од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 518.527.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, Цементарницата прикажа добивка од 789.227.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се во висина од 1.794.521.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.505.388.000 денари, додека 289.133.000 денари се реализирани на странски пазари.