Цената на бакарот 20.000 долари за тон за четири години

57

Постепеното зголемување на побарувачката и дефицит во понудата може да доведе до глобален недостиг од бакар, чија цена може да достигне и 20.000 долари за тон за четири години, покажува анализата на Bank of America.

Залихите на бакар мерени во тони во овој момент се на ниво од пред 15 години и доволни за покривање на побарувачка за три недели.

Bank of America проценува дека цената на бакарот ќе се зголеми на 13.000 долари за тон во следните години, откако минатата недела за првпат по една декада достигна вредност од 10.000 долари.

Доколку очекувањата за зголемена понуда на овој материјал на секундарниот пазар не се остварат залихите би биле потрошени во следните три години, што би довело до уште поголем пораст на цената на “црвениот метал“ на над 20.000 тони за тон.

Фото: Pexels