Цената на бакарот соборува рекорд

122

Аналитичарите на компанијата Goldman Sachs проценуваат дека цената на бакарот наскоро ќе достигне рекорд, бидејќи на пазарот на овој метал владее оптимизам.

Цените на бакарот пораснаа на највисоко ниво од март 2013 година, достигнувајќи 7.719 долари по метрички тон по податоците за посилна производна активност во Кина и Јужна Кореја.

“Црвениот“ метал подоцна ги намали добивките, а на затворање на Лондонската берза на метали цената на тримесечен фјучерс на бакар беше позиционирана на 7.626 долари за метрички тон, пренесува CNBC.

Бакарот, којшто има широка примена во бројни сектори, од индустрија за производство на електрична енергија до градежништво, зголеми оваа година за повеќе од 22%, што е најмногу од 2017-та година.

До првата половина на 2022-ра година, според аналитичарите, многу е веројатно дека бакарот ќе се движи околу рекордното ниво од 10.170 долари поставен во 2011 година.

Фото: Freepik