Цената на среброто скокна за повеќе од 70%

Цената на среброто, метал што често е во сенка на златото, во последната година се зголеми за повеќе од 70%, а експертите сметаат дека растот ќе продолжи како што ќе закрепнува глобалната економија.

Побарувачката за овој благороден метал значително се зголеми во последните 12 месеци што се одрази и на движењето на цената, којашто оваа недела беше 24 долари за унца, однсоно 74% повеќе во однос на истиот период лани, кога спот цената била околу 15,5 долари за унца, јавува CNBC.

Само за споредба, цената на златото порасна за 6,4% за една година.

Среброто има примена во бројни индустриски дејности, од електроника до изработка на фотографии, накит и монети.

Поради лесната спроводливост и трајност, среброто има широка индустриска и технолошка примена, па така сите компјутери, мобилни телефони, автомобили и други уреди содржат сребро. Податоците покажуваат дека од почетокот на 2021 година до сега побарувачката за сребро беше поголема од понудата.

Фото: Pixabay