Цената на златото како пред пандемијата

83

Цената на златото најчесто се изразува во износ на американски долари што е потребно да се издвојат за една унца (31,1 грам) на светските берзи.

Таа достигнала цена од околу 1.700 долари, што е неколку проценти повеќе од нивото на коешто беше златото на почетокот на минатата година, пред да почне пандемијата.

Релативно ниската цена на златото е последица од падот што трае веќе некое време. Цената на овој благороден метал беше на историски максимум во август минатата година, кога достигна повеќе од 2.000 долари за унца.

Многумина, како што пишува Пословни дневник, се прашуваат како по таквиот раст, цената на златото доживеа пад, со оглед на тоа што светот сè уште се соочува со пандемија, економската криза е во ток, а таквото окружување е “плодна почва“ за повисока цена на златото.

Фото: Pixabay