Цени на електричната енергија и природниот гас во второто полугодие на 2015

15

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, во второто полугодие на 2015 година, изнесува 5,11 денари по киловат час, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оваа цена во споредба со првото полугодие од 2015 година е повисока за 1,65%.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,40 до 8,30 денари по киловат час, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 17,16 до 18,29 денари по nm3, по групи на потрошувачи.