Фото: Pixabay
Цените на угостителските услуги во јуни 2017 година, во споредба со мај 2017 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%. Цените на угостителските услуги во јуни 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 1%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,3%.