Цени во земјоделството во август

26

zemjodelska-masina-del-pixabay

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во август 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 0,1%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, цените на тековно потрошени
средства во земјоделството остануваат на исто ниво, додека цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството се намалени за 0,9%.

Во делот аутпут, во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,8.