Цени во земјоделството во декември

80

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 1,7 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 1,8%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) имаат пораст од 1,1%.

Во делот аутпут, во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97,2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102,9.