Цени во земјоделството во декември

26

zemjodelska-masina-del-pixabay

Фото: Pixabay

Цени во земјоделството во декември лани, во однос на истиот период од 2016 година, кај инпутот се зголемени за 1,2%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 4,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2017 година, во споредба со декември 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98,5.

Во делот аутпут, во декември 2017 година, во споредба со декември 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105,5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,7.