Цени во земјоделството во јануари

18

niva

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во јануари, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4,6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 4,9%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се намалени за 0,4%.

Во делот аутпут, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95,8.