Цени во земјоделството во јануари

12

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во јануари 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 0,3%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99,6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,2.

Во делот аутпут, во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103,1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,1.