Цени во земјоделството во јули

27

Цените во земјоделството во јули оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 0,1%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2016 година, во споредба со јули 2015 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 0,1%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се намалени за 0,5%.

Во делот аутпут, во јули 2016 година, во споредба со јули 2015 година, цените на растителното производство се зголемени за 3%, а цените на добиточното производство се намалени за 4%.