Цените во земјоделството во мај оваа година, во однос на истиот период претходната година, кај инпутот е забележано намалување за 3,1%, а кај аутпутот за 9,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96,8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.
Во делот аутпут, во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 88,6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.