Цени во земјоделството во мај

22

zemjodelska-masina-del-pixabay

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во мај 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 0,9%, а кај аутпутот се бележи намалување од 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2017 година, во споредба со мај 2016 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 1%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се намалени за 0,8%.

Во делот аутпут, во мај 2017 година, во споредба со мај 2016 година, цените на растителното производство се намалени за 0,6%, а цените на добиточното производство бележат пад од 1,7%.