Цени во земјоделството во март

21

zemjodelska-masina-del-pixabay

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во март оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е зголемен за 3,6%, а кај аутпутот за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103,9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,6.

Во делот аутпут, во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98,6.