Цени во земјоделството во ноември

28

Цените во земјоделството во ноември оваа година, во однос на истиот месец лани, кај инпутот е намален за 0,8%, а кај аутпутот е намален за 6,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.

Во делот аутпут, во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 94,8.