Цени во земјоделството во ноември

24

zemjo

Фото: Pexels

Цени во земјоделството во ноември 2017 година во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2,6%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството се зголемени за 2,8%, а цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалени за 1,5%.

Во делот аутпут, во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, цените на растителното производство се зголемени за 3,1%, а кај цените на добиточното производство порастот е 0,9%.