Цените на гасот во Европа пораснаа за 15 отсто

17

Цените на природниот гас во Европа пораснаа за 15 отсто во фјучерс договорите за септември поради можен штрајк во фабриките за течен природен гас во Австралија, јавува Anadolu.
Во TTF, виртуелна платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, цената на гасот по мегават-час за септемвриските фјучерси вчера беше 34,4 евра.

Цените на гасот за мегават-час поскапеа за 15 отсто на 39,4 евра.

Изгледите за штрајк за подобри работни услови и зголемување на платите за оние кои работат во австралиските фабрики за течен природен гас и зголемената загриженост за прекини во снабдувањето со гас придонесоа за растот на цената.

Во Европа цените осцилираа откако се појави веста за штрајкот кон средината на минатата недела.

Минатата година Австралија беше најголемиот светски извозник на течен природен гас со 80,9 милиони тони, што претставува 20,1 отсто од глобалната трговија.