Цените на храната достигнаа нов рекорд

29

Цените на храната во светот пораснаа во април на највисоко ниво од мај 2014 година, објави агенцијата за храна на Обединетите нации.

Индексот на агенцијата за кошницата од основни прехранбени производи во април порасна за два поени во однос на ревидираната вредност во март и изнесуваше 120,9 поени.

Најголем пораст има кај цената на шеќерот и тоа за 3,9% во однос на март, најмногу поради зголемената побарувачка поради очекуваната намалена понуда предизвикана од помалиот род во Бразил и Франција.

Во однос на април минатата година, цената на шеќерот е за скоро 60% повисока.

Цените на месото во просек пораснале за 1,7%, додека кај житарките е 1,2%.

Според податоците, цената на млечните производи е повисока за 1,2% на месечна основа.

Фото: Pexels