Цените на нафтата благо пораснаа и покрај ширењето на омикрон

75

Цените на нафтата го продолжија денеска да растат, поттикнати од податоците дека побарувачката за гориво во Соединетите држави е сè уште силна и покрај наглото зголемување на бројот на заразени со омикрон сојот на корона вирусот.

Фјучерсите на северноморската нафта Брент пораснаа за 24 центи, или 0,3 отсто, на 79,47 долари за барел на азиското тргување во 5:02 часот по средноевропско време, продолжувајќи да растат четврти ден по ред.

Цената на фјучерсите на американската нафта WTI пораснаа за 26 центи, или 0,3 отсто, на 76,82 долари за барел седма сесија по ред, објави Ројтерс.

„Цените на нафтата пораснаа во текот на ноќта благодарение на поголемиот пад на залихите на сурова нафта и бензин во Соединетите држави од очекуваното и намалувањето на нервозата поради вирусот“, рече Џефри Хали, пазарен аналитичар во брокерската куќа Оанда.