Цените на нафтата паднаа за повеќе од 6 %

29

Цените на нафтата паднаа повеќе од 6 % на светските берзи минатата недела, втора недела по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат од бавно закрепнување на побарувачката поради новиот бран на “затворање“ во Европа.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 6,8 % на 64,53 долари, додека на американскиот пазар за еден барел падна 6,4 % на 61,42 долари.

Остриот пад на цените се должи најмногу на стравувањата на трговците дека побарувачката за нафта нема да закрепне толку брзо како што се надеваа поради проблемите со ограничувањето на коронавирусот во Европа.

Фото: Freepik