Цените на нафтата продолжуваат да растат

59

Цените на нафтата се искачија на нов едномесечен максимум со надеж дека „омикрон“ ќе има ограничено влијание врз побарувачката на гориво, според Ројтерс.

Суровата нафта „брент“ поскапе за 7 центи, или 0,1 отсто, на 78,67 долари за барел. Американската лесна сурова нафта се зголеми за 17 центи, или 0,2 отсто, на 75,74 долари за барел.

Аналитичарите велат дека загриженоста за „омикрон“ се намалува низ целиот свет, што доведува до одреден оптимизам за побарувачката.

Сепак, пазарите на нафта и понатаму се внимателни во врска со краткорочната побарувачка, велат пазарните набљудувачи.

Краткорочно, нафтените инвеститори се фокусирани на следниот состанок на ОПЕК +, закажан за 4 јануари.

Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците, вклучително и Русија, повторно ќе се состанат за да одлучат дали да продолжат да го зголемуваат производството за 400.000 барели дневно во февруари.

Во меѓувреме, енергетската криза во Европа ги зголеми шансите за поголема побарувачка за нафтени деривати за производство на енергија. Природниот гас поскапе бидејќи Русија го намали протокот, принудувајќи ја Франција да го зголеми увозот на електрична енергија.
Рафинериите на Gulf Coast во Мексиканскиот Залив, исто така, ги намалија испораките на дизел во Европа за да дадат приоритет на домашната побарувачка и купувачите во Латинска Америка.

Според информации од 09.36 часот по македонско време.