Цените на угостителските услуги во јули повисоки за 0,6%

21

Цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во споредба со јуни 2014 година, се зголемени за 0,6%, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 1,3%, Безалкохолни пијалаци за 0,2% и Ноќевања за 1,6%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари- јули 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, се намалени за 0,6%, додека во однос на декември 2013 година се зголемени за 0,3%.