Цените на угостителските услуги во мај исти како и претходниот месец

12

Цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во споредба со април 2014 година, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, се намалени за 1,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,4%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2%.