Централата на Капитал Банка АД Скопје и експозитурата деловен центар Соравиа започнаа со работа на нова локација на плоштад Македонија, на ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.
Банката оваа година одбележува 20 години постоење на македонскиот финансиски пазар. Своето дводецениско постоење го слави во нови простории од каде и се нејзините почетоци како Интернационална приватна банка.
“Идејата за релокација на Централата и експозитурата Центар тргна од потребите на клиентите.Отворен и транспарентен простор што овозможува непосреден контакт со клиентите, каде секој клиент ќе биде пречекан и опслужен, чувствувајќи се пријатно.
Избегнувајќи ги стереотипите на традиционалното банкарство им овозможивме на сите постојни и нови клиенти да бидат достојно опслужени. Новата локација нуди комфор како за клиентите така и за вработените“, велат од банката.