Централен регистар со продолжено работно време за поднесување годишни сметки

51

centralen-registar-na-makedonija

Централниот регистар на Република Македонија го продолжува работното време за да може сите обврзници да ги поднесат годишните сметки.

“Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите 25.02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот, 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) од 08 до 20 часот. За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2017 година“, стои во соопштението на Централен регистар.

На 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) со работно време од 08 до 16 часот, Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2016 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии: Кратово – во објектот на Општина Кратово; Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар и во Крушево – во објектот на Уни банка.