Централна кооперативна банка прокнижи загуба од 43,8 милиони денари

32

centralna-kooperativna-banka

Централна кооперативна банка прокнижи загуба од 43.875.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката прикажа загуба од 47.931.000 денари.

“Работењето во 2015 година, Банката го започна со усвојување низа одлуки со кои се воведени висококонкурентни каматни стапки, посебно во доменот на кредитирањето на малите и на средните претпријатија, проследено со конкурентни каматни стапки на пасивните каматни стапки, особено на депозитите во евра. Овие измени доведоа до пораст на кредитното портфолио на Банката во однос на март 2014 година. Следствено на тоа, реализиран е пораст на приходите од камати за 3,15% и незначителен пад на расходите за камати за 0,33%, што се одрази како пораст на нето-каматниот приход за 5,12% во однос на истиот период минатата година“, стои во Освртот кон работењето на банката.

Кредитната активност и севкупно зголемениот обем на работа во платниот промет во земјата и во странство, како што се наведува, доведе до зголемување на нето-приходите од провизии и надомести и нивно надминување за 21,15% во однос на првото тримесечје од претходната 2014 година.

“Останатите приходи од дејноста на Банката во претходната 2014 година се повисоки како резултат на признати капитални добивки од продажба на недвижности и опрема. Во текот на 2015 година, Банката не реализираше продажба на недвижности и опрема со што оваа позиција е помала за 47,25% во однос на претходната година“, се наведува во Освртот.