Централна кооперативна банка за девет месеци оствари добивка од 13,9 милиони денари

102

Централна кооперативна банка, од први јануари до 30-ти септември, оствари добивка во висина до 13.946.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, банката работеше со загуба од 6.001.000 денари.

“Заклучно со третото тримесечје од 2020 година, Банката оствари добивка во висина од 14 милиони денари. Овој финансиски резултат е за 20 милиони денари подобар од резултатот остварен минатата година, но е за 43,7% понизок од планираниот за периодот“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните нето приходи од камата, заклучно 30-ти септември оваа година, имаа вредност од 208.038.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 205.963.000 денари.

Фото: Freepik