Црна Гора: Два пати повеќе мобилни телефони од жители

33

На крајот на септември оваа година, бројот на корисници на мобилни телефони во Црна Гора беше 1,2 милиони, што е пенетрација од 208,85% и е рекорд во Европа, пишува Café del Montenegro.

Од вкупниот број на корисници, 53,6% се припејд корисници, додека во постпејд се 46,4%.

Услуги за мобилна телефонија во Црна Гора нудат три оператори на територија на целата земја.

Фото: Pixabay