Црна Гора ќе формира стратешки резерви од нафтени деривати

35

Црногорската влада и тамошното министерство за капитални инвестиции имаат план за формирање стратешки резерви од нафтени деривати што ќе бидат искористени во случај на пореметувања на пазарот, пренесуваат медиумите во Црна Гора.

“Нацрт законот за сигурно снабдување со нафтени деривати е веќе подготвен и се очекува да биде усвоен во третиот квартал од оваа година, откако ќе го добиеме мислењето од Европската комисија“, велат од министерството за капитални инвестиции на Црна Гора.

Усвојување на тоа законско решение е предуслов за формирање на нафтени резерви.

По преземените обврски во рамки на поглавјето 15 од договорот за приклучување кон ЕУ, владата се обврзала да усвои закон за стратешки резерви на нафта и гас до крајот на 2023 година. Црна Гора во овој момент нема други механизми што може да ги примени за да обезбеди доволна количина на нафтени деривати во случај на сериозни нарушувања на светските пазари.

Фото: Pexels