Црна Гора: Метар квадратен во просек чини 1.050 евра

24

budva

Просечната цена за еден метар квадратен стан во новоградба во Црна Гора, во вториот квартал оваа година изнесувала 1.050 евра и е помала за 10,2% во однос на истиот период лани, според податоците на црногорскиот завод за статистика Монстат.

Најскапи се становите во Будва, каде квадрат чини 1.505 евра, веднаш зад Будва е Бар, со цена од 1.500 евра за квадрат, а најевтини во Никшиќ, 575 евра за метар квадратен.

Во Подгорица, просечната цена на квадрат е 1.072 евра.