Црна Гора: Многу туристи, но малку трошат додека се на одмор

509

Големиот број на туристи на Црногорското приморје не мора да значи дека сезоната ќе биде успешна, туку многу поважно е колку пари ќе потрошат туристите во текот на одморот во Црна Гора, сметаат тамошните економски аналитичари.

И сега е јасно, пренесуваат црногорските медиуми, дека потрошувачката е многу пониска во споредба со 2019 година, бидејќи станува збор за туристи со многу помала платежна моќ и со помал расположлив доход поради корона-кризата.

Аналитичарите од таа причина сметаат дека границата од 65% од прометот од рекордната 2019 година е високо и амбициозно поставена, поради што постои сомнеж дека може да биде остварена.

Фото: Pexels