За време на траењето на програмата за економско државјанство од 2019 година до крајот на 2022 година, поднесени се вкупно 1.113 барања за стекнување црногорско државјанство.
До 1 јули за 54 барања Агенцијата за инвестиции го известила премиерот дека се исполнети условите, за 791 барање МВР донело решение за прием и врачени се пасоши, девет барања се контролираат од независен ревизор, додека 228 барања се одбиени поради негативно мислење, покажуваат податоците на Агенцијата за инвестиции (АЗИ), кои се наоѓаат во информацијата усвоена од Владата на Црна Гора на последната седница.
Според податоците вкупните приходи од економско државјанство изнесуваат речиси 380 милиони евра.