Црна Гора: Сите банки во плус, вкупната добивка преку 20 милиони евра

16

evra

Сите банки во Црна Гора, според последниот извештај доставен до Централната банка, на крајот на септември имале позитивен финансиски резултат од вкупно 20,72 милиони евра. Тоа е за 6,48 милиони евра повеќе отколку на крајот на јуни, кога е остварена добивка од 14,24 милиони евра, пишува Вијести.

Со податоците не е опфатена Ловќен банка, која почна со работа во септември, додека останатите 11 банки оствариле добивка. Ова е прв пат од појавата на кризата сите банки да остварат позитивен резултат во работењето.

Најголем профит за овие девет месеци остварила Ерсте банка, 4,7 милиони евра, потоа следуваат НЛБ Монтенегробанка со 4,6 милиони, Сосијете Женерал Монтенегро 4,2 милиони, Црногорска комерцијална банка 3,3 милиони, Хипотекарна банка 1,7 милиони, будванска Комерцијална банка 1,6 милиони евра.

Вкупниот капитал на банките на крајот на септември бил 442 милиони евра, со раст на годишно ниво од 3,6%.