Црна Гора: Стапи на сила законот за ограничување на вработување странци

22

kelner

Законот којшто ограничува вработување на странци во Црна Гора, а чија примена беше одложена поради туристичката сезона, од вчера започна со примена, пишува Бета.рс.

Законот, како што се наведува, ќе даде приоритет на домашната работна сила и ќе им дозволува на работодавачите да вработуваат странци само доколку во евиденцијата во Заводот за вработување нема соодветен кадар или доколку евидентираните одбиваат да работат.

Ова законско решение беше усвоено пред туристичката сезона во Црна Гора, но неговата примена беше одложена по бурните реакции на работодавачите, кои сметаат дека системот не е подготвен за таква мерка.

Законот предвидува санкции за работодавачите во случај да објават оглас за работа пред добивање потврдат од националниот Завод за вработување.