Црна Гора за годинава планира пола милијарда евра приходи од туризам

30

Црна Гора за девет месеци во 2020 година оствари само 122 милиони евра приходи од туризам, а во тамошното Министерство за економски развој проценуваат дека оваа година ќе има раст на приходите од околу 40% и дека приходите ќе изнесуваат околу 500 милиони евра.

Светската туристичка организација очекува враќање на меѓународниот туризам до третиот квартал од оваа година, додека враќање на предпандемиското ниво се очекува за две години.

Приходот од 122 милиони евра за девет месеци од 2020 година претставува пад од 88% во однос на 2019 година. Приходите од туризам во 2019 година надминуваа милијарда евра, пренесуваат црногорските медиуми.

Фото: Freepik